Две лица се приведени доцна синоќа на Граничниот премин Стар Дојран откако полицијата пронашла дрога скриена во пакувања со прехранбени производи, при контрола на возило на излез од државата.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 19 мај 2026 година околу 23:30 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки извршиле преглед на патничко возило „сеат атека“ со гевгелиски регистарски ознаки. Возилото го управувала 32-годишната А.К. од Валандово, додека како сопатник бил 36-годишниот Н.С. од Нов Дојран.
При детална контрола, во возилото биле пронајдени пет торби во кои имало вкупно 66 пакувања со марихуана. Дел од дрогата била вешто скриена во кутии од чоко крем и млечен намаз, со цел да се избегне откривање при граничната контрола.
Дрогата била веднаш одземена, а двете лица се лишени од слобода и задржани во Полициската станица во Гевгелија.
За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а во рамки на истрагата, СВР Струмица извршила претреси на повеќе локации.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против приведените ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Деск
МАЖ И ЖЕНА НАПОЛНИЛЕ 66 КУТИИ ОД ЧОКО КРЕМ И ПАВЛАКА СО ДРОГА, УАПСЕНИ СЕ НА ГРАНИЦА
1 Min Read

