Кошаркарскиот ас Перо Антиќ го испрати на полуматура синот на Панчо од ДНК. Емотивното видео од настанот, кога Антиќ го испраќа до автомобилот младото момче, кое неодамна го изгуби својот татко, ја трогна јавноста. Истото го објави Антиќ на социјалните мрежи, а овој гест по повод полуматурската вечер, која за секое дете претставува посебен чекор кон ново животно поглавје, уште еднаш покажа дека ветувањата дадени меѓу пријатели живеат и тогаш кога еден од нив повеќе не е меѓу нас.
Денот што требаше да биде исполнет со гордоста на еден татко, неизбежно беше обележан и со неговото отсуство. Но, токму во таквите моменти се препознаваат вистинските пријатели – оние кои остануваат покрај семејството и кога животот ќе ја донесе најголемата загуба.
Гестот на Антиќ не беше само придружба на една свеченост. Тој беше порака дека пријателството не завршува со последното збогување. Дека спомените, почитта и грижата продолжуваат да живеат преку луѓето кои остануваат верни на врските создадени низ годините.
По смртта остануваат делата, спомените и човечноста. Остануваат луѓето кои ќе подадат рака кога е најпотребно, кои ќе бидат присутни на важните животни моменти и кои ќе покажат дека љубовта и пријателството можат да бидат посилни и од времето.
Деск

