Петгодишно дете од гостиварското село Чегране било хоспитализирано по труење со лекови, откако по невнимание проголтало таблети оставени на лесно достапно место во домот на неговите баба и дедо.
Според информациите од полицијата, на 8 јуни 2026 година околу 18:40 часот полициски службеници од Полициската станица Гостивар извршиле разговор во Педијатриското одделение при Медицинскиот центар во Гостивар, каде детето било донесено поради здравствени компликации предизвикани од труење со лекови.
Мајката на детето, Н.А. (25), изјавила дека настанот се случил околу 17:00 часот додека таа била на работа, а детето било под надзор на неговите баба и дедо. Според нејзините наводи, детето дошло во допир со таблети кои биле оставени на лесно достапно место од страна на бабата и ги проголтало.
По укажаната првична медицинска помош во гостиварската болница, детето било префрлено на Детската клиника во Скопје за понатамошна нега и дополнителни испитувања.
Од медицинските лица било констатирано дека детето е во стабилна и контактибилна состојба.
Деск
ПЕТГОДИШНО ДЕТЕ ПРОГОЛТАЛО ТАБЛЕТИ ОСТАВЕНИ НА ДОСТАПНО МЕСТО, ХОСПИТАЛИЗИРАНО ВО СКОПЈЕ
1 Min Read

