Тешка сообраќајна несреќа се случила во Грција, во близина на граничниот премин Евзони, кај наплатната рампа Малгара, пренесе Прототема. Според грчкиот медиум, во несреќата загинала жена на возраст од 70 години, а едно машко лице било пренесено во болница со полесни повреди.
До трагедијата дошло кога автомобил удрил во задна лева страна на камион.
-Поради несреќата се забележуваат гужви на овој дел од патот, објави Прототема.
Детали околу националноста на жртвата, засега не се објавени.
Деск

