Од Управата за хидрометеоролошки работи и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство излегоа со метео предупредување за топол бран.
Под влијание на топол бран, според УХМР, до сабота времето ќе биде многу топло со мала умерена локална облачност.
Дневната температура насекаде ќе биде над просекот за месец јули, и ќе биде во интервал:
-Југозападен, источен и североисточен регион од 34 до 38 степени,
-Полошкиот регион од 32 до 38 степени,
-Пелагонија од 38 до 40 степени,
-Скопски, Вардарски и југоисточен регион од 38 до 42 степени.
Деск