Музичарот Сергеј Ќетковиќ, познат во регионот како црногоскиот романтичар, ќе одржи концерт под ѕвездено небо во Антички театар во Охрид. На сцената ќе го придружува Битолскиот камерен оркестар, со кој ќе ги изведе своите хитови „Љубав“, „Погледи у таму“, „Пола мога свијета“, „Нису ми дали да те волим“, „Прстен на сто“ и други.
За настанот, Сергеј вели дека не е само музичко доживување, туку и остварување на неговата голема желба, да запее среде еден од најубавите локалитети во градот под Самоиловите тврдини, да ја почувствува магијата на Античкиот театар и преку музиката да ја однесе публиката на незаборавно патување низ најдлабоките чувства и приказни за љубовта.
Додава дека секогаш со задоволство се враќал во Охирд, а музиката за него била гласот на најдлабоките чувства.
Ќетковиќ минатиот месец одржа два концерти во Скопје, во Македонската филхармонија, каде ги изведе баладите кои ја одбележаа неговата 25-годишна кариера.
Влезниците за охридскиот концерт се пуштени во продажба по цени од 900 до 1.500 денари.
Деск