Легендарниот хеви метал музичар Ози Озборн почина на 76-годишна возраст, објави Sky News.
Пред помалку од три недели заедно со колегите од Black Sabbath одржа коонцерт за збогување со публиката.
За време на настапот на сцената во Вила Парк тој и порача на публиката дека никој не може ниту да претпостави како се чувствува и се заблагодари од срце за децениската поддршка.
Во негова чест настапија и Металика и ГНР.
Од семејството Озборн пак, обjaвена е изјава во која потврдуваат дека Ози починал утринава, опкружен со своите најблиски.
Вики Клинчарова