Премиерот Христијан Мицкоски се огласи по вчерашната владина седница, на која била донесена одлука за ново зголемување на пензиите, и тоа 1.000 денари во септември 2025 (исплата на први октомври) и 1.000 денари во март 2026 (исплата на први април).
-Ова значи дека пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари, како продолжение на досегашното зголемување од 5.000 денари во првата година од мандатот на оваа влада. Вкупно 7.000 денари повеќе.
Пензионерите го заслужуваат целото наше внимание, почит и поддршка.
Нема да застанеме тука.
Ова е само дел од политиката на грижа, правичност и одговорност за која се обврзавме и која што посветено ја спроведуваме, истакна Мицкоски.
Како што објави Владата на својата официјална страница, на седницата биле донесени низа на важни одлуки и бил усвоен предлог законот за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со што следи покачување на пензиите.
Деск