Жена на возраст од 56 години од неготинското село Војшанци е пријавена за исчезната.
Од СВР Велес информираат дека утрово во 03.00 часот, сопругот на В.А. (56), во ОВР Неготино пријавил дека таа се оддалечила од домот.
Додаваат дека се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Неофицијално, откако синоќа сопругот се вратил дома, не ја нашол сопругата, а кога и по неколку часа не се вратила, пријавил во полициската станица.
Деск

