Заедно со симфониски оркестар во Антички театар Охрид, дуото Силви бенд во четврток ќе одбележи јубилеј, 35 години на сцената.
Силвана и Влатко Плевнеш се еден од најпознатите музичко-брачни парови кај нас, а нивниот јубилеен концерт под отворено небо е најавен како симфонија од емоции и носталгија која буди сеќавања со незаборавните хитови.
Песните кои го одбележаа нивниот музички пат ќе бидат изведени во ново, симфониско руво на сцената на Антички, а организаторите велат дека настанот ќе биде доживување на кое традицијата, елеганцијата и уметноста ќе се преточат во едно.
Дуото стекна најголема популарност во 1991 година со песната ,,Ангели ме носат”, која ја изведе на фестивалот за забавни мелодии Макфест.
Тогаш добија две награди, трета награда од публика и награда за најдобра интерпретација. Потоа, песната беше прогласена за најслушана помеѓу два фестивали.
Влезниците за охридскиот концерт на Силви бенд се во продажба по цени од 600 и 800 денари.
Деск

