Музичкиот проект ,,Македонијо, во срце те носиме” зад кој стои Скендеровски продукција, ја најави новата турнеја која ќе опфати повеќе градови во земјава.
Првиот објавен датум за концерт е 26-ти август, во Охрид, а потоа следуваат гостувања и во Делчево, Штип, Струмица, Битола, Гостивар, Велес и Прилеп.
И минатата година музичарите кои се дел од проектот имаа гостувања ширум земјава, каде настапија со обработки на стари македонски песни.
Како што информираат од продукцијата, целта на проектот била да ја слави македонската музичка традиција преку современи обработки на безвременски народни бисери. Дел од изведувачите се Наум Петрески, Зуица Лазова, Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, Мина Блажев и други.
Деск

