Министерот Панче Тошковски заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, синоќа ги посетија полициските службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот и од моторното одделение, во населбата Илинден, кои спроведуваат контроли во рамки на оперативната акција „Безбеден сообраќај“.
Акцентот на вечерашните засилени контроли бил ставен на правилното управување со мотори и електрични тротинети, како и носењето на заштитна опрема.
-Апелирам до сите учесници во сообраќајот, особено до оние кои управуваат мотори и електрични тротинети, да ги почитуваат доследно сообраќајните правила, да не возат побрзо од дозволеното, да носат заштитни кациги и да придонесат за зголемување на безбедноста во сообраќајот, рече министерот Тошковски.
Од Министерството за внатрешни работи посочуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредниот период со цел зголемување на безбедноста на улиците и патиштата.
Деск

