Поради одржување на настан за одбележување на празникот Втори август, денес, со почеток во 09.00 часот, па се до завршување на настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното подрачје на Скопје односно за сообраќај ќе биде затворен делот пред зградата на Собранието на РСМ и тоа од булевар „Кочо Рацин“ до ул. „11-ти Октомври“ (кај зграда на Црвен Крст) и крстосницата од „Филип Втори Македонски“ до ул. „Кеј 13-ти Ноември“.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, соопштија од МВР.
Деск

