Професорот Вело Марковски (67), кој е специјалист инфектолог, а беше и кандидат за претседател на државата во 2024 година, кога не успеа да ги собере потребните потписи за кандидатурата, си ја отвори душата и јавно прозборе за љубовта со сопругата Евгенија.
Како што раскажува, и покрај сите препреки кои ги доживеале, првенствено поради големата разлика во годините, тие веќе 11 години биле среќни заедно. Дури, појаснува професорот, во тие 11 години со Евгенија, која е поранешен модел на студиото ,,Санел”, постигнал многу повеќе отколку во претходните 22 години во неговиот живот.
Повод за ова негово ,,отворање” пред јавноста е фотографијата на која со сопругата позираат на плажа, а која имала речиси 300.000 прегледи на социјалните мрежи.
-Една фотографија од нашето секојдневие направена од синот Павле, за малку не достигна до 300.000 прегледи! Ние само се сакаме. Има стотици критериуми за „дозволени и недозволени бракови“, но ние во изминативе 11 години навистина бевме среќни, и најважно за една успешна врска бевме еден покрај друг и во „лошо и во добро“.
Ја имав целата енергија, љубов и поддршка која безрезервно ми ја даваше Евгенија. Бев многу успешен, во овие 11 години постигнав многу повеќе од претходните 22? Се молам вака да ни биде уште 22 години, па после ако Евгенија не ме сака или ме остави, ќе си барам друга, објави Марковски, кому ова му е втор брак.
Инаку, во периодот кога ја обелодени љубовта со младата Евгенија пред јавноста, тој се најде на мета на критики, а потоа во повеќе наврати во медиумите и двајцата раскажуваа дека имаат успешен брак и се посветени на нивните две деца.
Деск

