Полициски службеник од Виница завршил со прострелна рана од службениот пиштол, во апартман во Охрид. Тој бил пренесен во охридската болница, а настанот за Викимедиа го потврдија од СВР Охрид.
-На 02.08.2025 година во 12.22 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, полицискиот службеник Д.Д.(22) од Виница, кој бил сместен во апартман во една охридска населба, при ракување со службено оружје-пиштол, се самоповредил. Тој бил пренесен во Општата болница во Охрид каде била констатирана прострелна рана во левата рака, соопштија од СВР Охрид.
Од таму додаваат дека се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што, ќе следува соодветен поднесок.
Деск

