По вчерашниот случај со српскиот хип-хоп музичар Раста, кој беше притворен пред настап во Охрид, бидејќи полицијата го фатила со опојна дрога-марихуана, во шатор, се огласија и од Прагма, кои беа организатори на концертот на познатата светска ѕвезда Џејсон Деруло. Раста пак, требаше да настапи пред Деруло, но поради случувањата, неговиот настап не се одржа.
-Охрид синоќа блесна како една од најжешките музички дестинации во Европа, благодарение на неверојатната енергија што заеднички ја создадовме на спектакуларниот концерт на Jason Derulo, соопштија од Прагма, кои се организатори на настанот.
Се заблагодарија на поддршката и енергијата, како и на тимот од над 200 професионалци кои вложиле максимум концертот да помине беспрекорно, како што доликува за голема светска ѕвезда.
-За жал, еден од најавените артисти не настапи поради околности надвор од наша контрола. Како организатори, секогаш се стремиме кон највисоки стандарди, но понекогаш постојат фактори на кои не можеме да влијаеме. Ви благодариме за разбирањето, истакнаа од Прагма, по повод настанот со музичарот Раста.
Упатија благодарност и до 2Bona и Breskvica за нивните настапи, кои ја заокружиле вечерта, и порачаа дека очекуваат публика во огромен број за вечерашниот настап на
Hugel.
Случајот со Раста го потврдија и од СВР Охрид, од каде истакнаа дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Деск

