Попладнево Велес и околината беше зафатена од силно невреме со многу обилен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Непосредно пред големото невреме над Велес се формираше и суперкелиски облак, објави метео прогнозерот Славчо Попоски.
Покрај Велес, невремето зафати поголем дел од земјава и појава на обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и појава на град имаше и во Скопската котлина, како и во Крива Паланка, Виница и други градови.
-Нестабилно време со врнежи и грмежи на повеќе места, како и со појава на локално невреме ќе имаме и во текот на утрешниот ден (вторник 5 август), известува Попоски, кој објави фотографија од суперкелискиот облак кој предизвика поплавени улици во Велес.
Деск

