Со фотографија од младоста на неговата мајка Маријана, денес поп пејачот Ламбе Алабаковски се присети на неа, на денот на нејзиниот роденден. Да беше жива, ќе наполнеше 61 година.
-Среќен небесен роденден мама, напиша музичарот, кој ја изгуби мајка му во екот на неговата популарност, во 2006 година, а веста за нејзината смрт ја дочека во странство.

Тој имаше само 18 години кога мајка му почина по тешко боледување. Беше млада, имаше само 42 години, а во тој период Ламбе беше во Атина, Грција, на Евровизија, каде беше дел од екипата на Елена Ристеска.
За големиот животен удар, зборуваше често, кажувајќи дека верата и музиката му помогнале да го преброди тешкиот период.
Неретко раскажуваше дека мајка му, која му била голема поддршка во животот и кариерата, се уште ја чувствувал како да е покрај него, како да го чува и да го бодри за сите животни одлуки. Во време кога бил скршен поради загубата, ја напишал музиката за песната ,,Биди пријател наш”, нумера за која кажа дека кај него секогаш буди таговна радост.
Периодов тој е актуелен со преработката на песната „Како Пиреј“ која Гоце Николовски ја испеа на „Фолк фест Валандово“ во 1994 година.
Новиот аранжман на песната е на Николче Мицевски, како дел од второто продолжение на проектот „Македонијо, во срце те носиме“.
Деск

