Млада девојка од Берово во раните утрински часови управувајќи со патно возило, излетала од патот. При вршење увид, и биле измерени 1,59 промили алкохол во крвта, по што била лишена од слобода, соопшти МВР.
-На 07.08.2025 во 03:20 часот на регионалниот пат Берово-Делчево, во атар на с.Чифлик, беровско, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Берово, ја лишиле од слобода В.К.(23) од Берово.
Управувајќи возило „матиз“ со беровски регистарски ознаки на патот, околу 02:50 часот, таа изгубила контрола и излетала од патот, а при вршење увид било констатирано дека го управувала возилото под дејство на алкохол, односно и биле измерени 1,59 промили алкохол во крвта, соопштија од министерството.
Од таму, информираат дека во тек на вчерашниот ден биле евидентирани 698 платни налози по основ на разни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Од сообраќај биле отстранети осумина возачи заради управување на возило со прекумерно количество алкохол.
Исто така, од МВР посочуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Деск
Фото Илустрација

