Многу топло и сончево време во наредните денови најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, со температури до 40 степени.
-Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, за време на викендов и во текот на наредната седмица времето ќе биде претежно сончево и многу топло. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне и 40°C, известуваат од УХМР.
Топлиот воздушен бран од Африка продолжува во земјава, а највисоки температури ќе бидат забележани во Повардарието, до 40 степени, за каде се очекуваат и многу топли ноќи.

