Велешанец кој работел во угостителски објект во градот, вчера пријавил во полиција дека бил физички нападнат од четворица негови колеги. Физичкиот напад кој се случил во тек на работното време, го потврдија од СВР Велес.
-На 10.08.2025 во 18:30 часот, во СВР Велес, С.Р.(37) од Велес, пријави дека додека бил на работа во угостителски објект во Велес, бил физички нападнат од неговите колеги Д.Д.(38), Т.А.(45), С.С.(50) и Т.Б.(38), сите од Велес, соопштија од полицијата.
Додаваат дека по документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Деск

