По петте жртви кои ги зеде експресниот пат Градско-Прилеп, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, најави нов проект, со кој би се намалиле несреќите.
Планирано било поставување на нова сообраќајна сигнализација, а проблемот бил детектиран.
Како што изјави Трајановски за Канал5, изработениот проект бил доставен до Министерството за транспорт и врски и во наредниот период требало да добие одобрение од овој ресор и од Министерството за внатрешни работи, за да се пристапи кон воведување на нова сообраќајна сигнализација.
Освен на патот Градско-Прилеп, биле детектирани црни точки и на други патишта во земјава, и се пристапувало кон нивно решавање.
Деск

