Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, е претставена како кандидатка на „Независни заедно“ за градоначалничка на Општина Центар на претстојните локални избори.
Таа била поддржана од граѓанските иницијативи „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 398“.
-Почитувани пријатели, oдлучив да се кандидирам за градоначалник на Oпштина Центар и да ја продолжам мојата борба за правичност и транспарентност онаму каде што живеам… каде што го дишам истиот воздух со моите сограѓани, бидејќи воздухот е загаден не само со ПМ честички туку многу повеќе со лоши политики и корупција, обајви синоќа Ивановска на социјалните мрежи.
Таа со години наназад е граѓанска активистка, и беше претседателка на Антикорупциската комисија од 2019-2024 година.
Кандидат за градоначалник на Општина Центар на СДСМ е актуелниот градоначалник Горан Герасимовски, додека ВМРО-ДПМНЕ уште нема објавено кандидат за оваа општина.
Деск

