Променливо облачно време со сончеви периоди не очекува денес, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Од УХМР соопштуваат дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во понеделник на повеќе места се очекува да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Во вторник ќе има услови за изолирана појава на нестабилност, а од среда ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.
Деск

