Приведен е охриѓанец кој со запаливо средство го опожарил мопедот на неговиот татко, информира Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од МВР, во раните утрински часови во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен го лишиле од слобода А.И.(30) од Охрид.
-Според пријавеното, по претходна расправија во семејниот дом во Охрид, тој со запаливо средство го опожарил мопедот на неговиот 57 – годишен татко и заминал кон Ресен. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 288 од Кривичниот законик, соопштија од министерството.
Деск

