Општина Лозово трета година по ред ја спроведува мерката Бесплатен оброк, кој ќе го добиваат сите ученици од прво до петто одделение, како во централното, така и во сите подрачни училишта на територијата на општината.
Веста ја објави градоначалникот Бошко Цветковски, кој информира дека исто така, ќе следува ваучер од 4.000 денари за секое прваче. Со средствата родителите добиваат финансиска поддршка за набавка на училишен прибор и облека за стартот на училишната година.

-Во пресрет на новата учебна година, а со цел секое прваче да може да биде обезбедено со училишен материјал за кој се одвојуваат сериозни финансиски средства кои се рефлектираат врз буџетот на секое семејство, не задолжува нас како општина да превземеме чекори за помош и поддршка на граѓаните.
На мое огромно задоволство, со едногласна одлука на Советот на Општина Лозово, и оваа година обезбедивме ваучери за секое прваче во Вредност од 4.000 денари.
Модерно и квалитетно образование со задоволни ученици, родители и наставници е нашиот врвен приоритет, продолжуваме да ги слушаме потребите од образовната заедница и да креираме квалитетни мерки, кои ќе донесат добри резултати, истакна Цветковски.
Деск

