Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој е кандидат за градоначалник на Град Скопје на претстојните локални избори од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денес се сретнал со маестро на гитара, Влатко Стефановски.
Како што објави Ѓорѓиевски, тие двајцата имале инспиративен разговор со кафе, на кој музичарот споделил прекрасни идеи и совети, кои ќе биле дел од програмата на Ѓорѓиевски.
-Огромна е честа да испијам пријателско кафе со инспиративен разговор со маестро Влатко Стефановски – музичар од светски калибар и гордост на Македонија, заедно со идниот градоначалник на Карпош, Сотир Лукровски.
Како човек кој со својата уметност ја прослави татковината ширум светот, тој е еден од најеминентните што може да зборува за културата, за духот на градот и за визијата како Скопје да стане вистинска европска метропола.
Во нашиот искрен муабет, како вистински скопјанец, Влатко сподели прекрасни идеи и совети кои ќе бидат важен дел од мојата програма за поубаво и покултурно Скопје.
Кога културата и музиката ќе се спојат со визија и работа, тогаш градот станува повеќе од урбана средина – станува дом на духот, уметноста и заедништвото.
Заедно, ќе го направиме Скопје културно катче достојно за иднината, истакна градоначалникот.
Деск

