По премиерата на новата заедничка песна „Роде мој“, која ги обедини сите учесници во проектот ,,Македонијо, во срце те носиме”, следува нова страница во оваа музичка приказна полна со љубов, гордост и патриотизам.
Следува ново музичко поглавје затоа што целиот тим, предводен од Скендеровски продукција, со несебична посветеност и визија, продолжува со својата мисија – да ја обоиме Македонија со најубавите звуци, со песни кои не само што нѐ потсетуваат од каде доаѓаме, туку и нè обединуваат кога најмногу ни треба заедништво, велат од продукцијата.
Така, веќе од 26-ти август од Охрид, со почеток во 20 часот, тргнува и караванот во чии рамки концерти ќе се одржат во речиси сите поголеми градови во земјата, а публиката ќе има можност да ја почувствува магијата на живата изведба и да пее заедно со врвните изведувачи кои го сочинуваат овој уникатен проект, соопштија од Скендеровски продукција.
Инаку, песната ,,Роде мој” е со потписот на маестро Николче Мицевски како автор на музиката и аранжманот и Борче Нечовски, чиј е текстот.
Деск

