Чест и задоволство ми е да споделам дека 117 млади лица, веднаш по завршување на локалните избори, ќе добијат финансиска помош преку „Мерката 112“ – со 100% неповратни средства до 600.000 денари (околу 10.000 евра), за млади од 18 до 40 години кои започнуваат сопствено земјоделско стопанство, изјави Цветан Трипуновски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Како што појаснува, на јавниот повик пристигнале 254 апликации, од кои биле одобрени 117.
-Иако бројката можеби изгледа скромна, таа претставува охрабрувачки чекор и јасен сигнал дека интересот кај младите за вклучување во земјоделството расте.
За споредба, на претходниот јавен повик за „Мерка 112“ објавен во 2023 година, беа поднесени 44 барања, од кои беа исплатени 18 корисници.
Ова покажува дека младите сè повеќе ја препознаваат шансата за квалитетна и одржлива кариера во агросекторот, вели Трипуновски, додавајќи дека министерството останувало доследен партнер со конкретна поддршка, јасна визија и реални мерки за иднината.
Деск

