Популарната поп пејачка Калиопи вечерва ќе биде музичка гостинка во Иваница, Србија, а нејзиниот концерт е во склоп на годишниот фестивал на комедијата кој се одржува последната недела во август.
Настанот е под закрила на општината, и е еден од најстарите фестивали од времето на поранешна Југославија.
Првото издание се одржало во 1967 година, и фестивалот важел за настан кој ја собирал југословенската културна елита.
Името го добил според книжевникот и комедиограф Бранислав Нушиќ, кој во својата театарска претстава ,,Госпоѓа министерка” ја користел реченицата –Виден си за Ивањица, што било еден вид на предупредување до непослушните службеници, дека ќе бидат прмесетни во Ивањица, во тогашно време мало и заостанато место.
Концертот на Калиопи во Ивањица е насловен ,,Kofer ljubavi”, а покрај неа, во годините наназад на настанот гостувале голем број на познати музички имиња. Мирослав Илиќ, Харис Џиновиќ, Јелена Розга, Кики и Пилоти, Бајага и многу други познати регионални музичари биле дел од забавната програма на Њушиќијада.
Деск
Калиопи ќе одржи концерт на фестивалот Нушиќијада во Србија: Настанот во минатото ја собираше југословенската културна елита!
1 Min Read

