Деканот на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, проф. д-р Горан Марковски, ќе биде еден од кандидатите за градоначалник на Град Скопје на претстојните локални избори кои треба да се одржат есенва.
Тој влегува во трката како независен кандидат со поддршка од граѓанската платформа „Независни заедно“, а утре ќе се одржела неговата промоција.
Покрај Марковски, досегашни објавени кандидати за градоначалник на Скопје се Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, Башким Бакиу од ВЛЕН, Каја Шукова од СДСМ, Скендер Реџепи – Зејди од „Европски фронт“ и Амар Мециновиќ од Левица.
Деск

