Во тек на вчерашниот ден, две лица од Република Албанија биле лишени од слобода во Неготино, информира Секторот за внатрешни работи Велес.
Во врска со настанот, од секторот појаснуваат дека вчера во 13:50 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Н.К.(50) и П.Ф.(60), двајцата од Република Албанија. Тие биле затекнати при контрола на градилиште во Неготино и било констатирано дека престојуваат на подрачјето без регулиран престој.
-По документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени сооветни поднесоци, истакнаа од СВР Велес.
Деск

