Популарниот босански пејач Мирза Селимовиќ, кој синоќа требаше да настапи на фестивалската манифестација во Крива Паланка, само неколку часа пред почетокот на настапот го откажа гостувањето. Во видео порака која ја објави градоначалникот Сашко Митовски, Селимовиќ раскажа дека настапот го откажува поради здравствени причини, но не прецизираше повеќе детали.
Наместо него, на сцената се појави Дејан Петровиќ и Биг Бенд, а после тоа, следуваше настапот на главната музичка ѕвезда Цеца Ражнатовиќ.
Како што претходно изјави градоначалникот Митовски за ВИКИМЕДИА, за настапот на Цеца општината очекувала најмалку 30.000 посетители. Популарната пејачка била сместена во Ресторан Парк Гиновци, а во Крива Паланка дошла со екипа од 25 лица.
Вечерва на манифестацијата главна музичка ѕвезда ќе биде Саша Ковачевиќ.
В.К.

