Најмладиот кандидат за градоначалник на Локалните избори кои ќе се одржат на 19-ти октомври е Андреј Димитриевски од Левица. Со своите 23 години, тој ќе се бори за градоначалничката фотеља во Старо Нагоричане. Наспроти него пак, најстариот кандидат за градоначалничка функција на изборите е Марија Мајкиќ, која има 79 години. Таа доаѓа од партијата Единствена Македонија и е кандидат за градоначалничка на Општина Гази Баба.
На последните локални избори во земјава пак, кои се одржаа во 2021 година, според истражување на Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД), најголемиот дел од кандидатите за градоначалници биле повозрасни, односно само три проценти од нив биле млади лица.
Тогаш, како најмлад избран градоначалник беше Стојан Николов, актуелниот градоначалник на Општина Росоман, кој во тој период имаше 24 години. Највозрасен градоначалник пак, избран на последните Локални избори беше актуелниот прв човек на Општина Струга, Рамиз Мерко, кој тогаш имаше 64 години.
Деск

