Тригодишното отсуство на Македонија од музичкиот натпревар Евровизија се најде и во светските медиуми кои известуваат за забавната манифестација.
-МРТ истакна дека се уште одлучува дали ќе учествува на Евровизија 2026, но планира да го пренесува настанот кој ќе се одржи во Виена, објави Eurovoix News.
Понатаму, како што е објавено во медиумот кој информира за евровизиските настани, иако јавниот сервис МРТ го објавил програмскиот план за 2026 година, во делот каде се дискутирало за Евровизија, било истакнато дека се уште не е донесена финална одлука.
-Учеството на МРТ на Евровизија 2026 е прашање за кое МРТ сè уште не донела конечна одлука. Причините за ова се повеќекратни: Потребата од внимателна проценка на продукциските и финансиските можности, разгледување на концептот за избор на претставник и стратегијата за настап, како и анализа на претходните искуства, бил ставот на МРТ, а го пренесе Eurovoix News.
Во меѓувреме, започната е онлајн петиција, која ја потпишуваат љубители на Евровизија, а со која се бара Македонија да се врати како учесник на Евровизија.
Деск
МРТ ќе ги анализирала искуствата од претходните настапи, пред да одлучи дали ќе учествуваме на Евровизија!
1 Min Read

