Голем пожар избувна вечерва во центарот на Неготино, во близина на старата чаршија. Според првичните информации, гори кај зградата во чие приземје се сместени казино, банка и други деловни објекти, а пак на катовите се сместени станбени единици.

Дали пожарот избувнал во некој од објектите во зградата или пак околу неа, се уште нема официјална информација. На бројот за итни случаи единствено потврдија дека е регистриран пожар во центарот на Неготино, а повеќе детали од надлежните служби се очекуваат во тек на утрешниот ден.
Неофицијално пак, граѓани кои се затекнале таму, велат дека горел трговски објект кој овие денови требаше да започне со работа, а во кој денес се редела роба.
На терен се противпожарни екипи, како и возило на итната медицинска помош. Во центарот на градот нема електрична енергија и се шири непријатен мирис.
В.К.

