До редакцијата на ВИКИМЕДИА пристигна видео од големиот пожар кој вечерва околу 22.30 часот изби во центарот на Неготино, во близина на новата зграда, во која на приземје се сместени трговски и деловни објекти, а пак на катовите има станбени единици.
Засега официјални информации од надлежните служби нема, но неофицијално, граѓани кои се затекнале таму тврдат дека горел објект во кој деновиве требаше да започне со работа познат трговски ланец.
Повеќе детали се очекуваат во тек на ден.
В.К.

