Музичарот, водител и угостител Трајче Толевски, чија кафеана во Скопје целосно беше уништена во пожар пред три години, воодушеви со својата солидарност.
Имено, како некој кој на свој грб ја почувствувал тежината од последиците од пожарот, кој го уништи неговиот локал, тој вчера објави дека во наредниот месец, сите гости кои ќе дојдат во неговата кафеана, која беше обновена по пожарот, ќе добијат гратис десерт од Винчини.
Како поддршка за сопствениците и вработените во фабриката Винчини, која неодамна ја пеплоса пожар, неговиот гест беше дочекан со позитивни коментари и пофалби од јавноста.
-Денес се навршуваат три години откако огнот ја уништи нашата кафеана Камин Кама. Тоа беше тежок и болен период за нас, но во борбата и повторното градење ја почувствувавме вистинската сила на поддршката од сите вас.
Во знак на солидарност со сите семејства и бизниси кои ја доживеале истата трагедија со пожар, кафаната Камин Кама во текот на целиот нареден месец ќе подарува гратис десерти од програмата на Vincinni.
Особено сочувствуваме со тимот на фабриката Vincinni, бидејќи и тие неодамна ја доживеаја истата судбина со пожар и добро знаеме колку е тешко. Со вас сме, ве разбираме и сакаме барем малку да ви го засладиме патот напред, истакна Толевски.
В.К.
Гест за поздрав на музичарот Трајче: Ни се случи пожар и добро знаеме колку е тешко, затоа сме солидарни!
1 Min Read

