По повод пожарот кој избувна синоќа во зграда во центарот на Неготино, се огласија од Секторот за внатрешни работи Велес, од каде информираат дека нема повредени лица, но причинета е материјална штета.
-На 26.09.2025 во 23:05 часот во ОВР Неготино е пријавено дека настанал пожар пред објект на правно лице во зграда на улица „Јане Сандански“ во Неготино, кој се проширил, делумно го зафатил објектот, а биле опожарени и надворешни делови од четири станови во зградата.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Неготино.
Увид на местото изврши увидна екипа од ОВР Неготино, соопштија од полицијата.
Деск

