Многу тешко ја доживеавме веста за смртта на чичко Иван Огњановски, во чии гради чукаше срцето на нашата мајка Емилија изминатите пет години, за ВИКИМЕДИА раскажува Викторија, ќерка на Емилија Динева (43) од Дојран, која настрада во сообраќајка, а чие срце му беше транспалнтирано на Иван.
Трансплантацијата која беше извршена на 23-ти мај 2020 година беше прва трансплантација од срце на починат донор во земјава. По операцијата, семејствата на Емилија и на Иван се запознаа, и неретко истакнуваа дека заескогаш ќе останат меѓусебно поврзани.
Веста дека Иван (59) починал вчера, за ВИКИМЕДИА ја потврди неговиот син Васил.
Како што раскажува Викторија, за нејзиното семејство, ова било нов удар, бидејќи фактот што срцето на нејзината мајка се уште чука, им бил голема утеха во изминатите години.
-Исто како по вторпат да ја изгубивме мајка ми, така се чувствуваме сите дома. Многу ни е тешко, затоа што и покрај се, голема утеха ни беше сознанието дека благодарение на нашата мајка беа спасени неколку животи преку трансплантациите на органи.
Ние се запознавме со чичко Иван и со неговото семејство, нашата поврзаност вечно ќе трае. Тој и мајка ми никогаш нема да бидат заборавени! Велат дека човек умира двапати, еднаш кога ќе му дојде судниот час, а вторпат кога ќе биде заборавен од сите. Тие вечно ќе живеат во наште спомени и срца, порача ќерката на Емилија Динева.
Вики Клинчарова
Исто како по вторпат да ја изгубивме мајка ми, така ја доживеавме веста за смртта на чичко Иван, вели ќерката на Емилија Динева – првиот донор на срце во Македонија
2 Mins Read

