Премиерот Христијан Мицкоски очекувал на Локалните избори да имаат околу 45 до 50 градоначалници, но како што изјави синоќа во гостување во емисијата „360 степени“ на МРТ 1, не би се изненадил ако имаат и повеќе од 50 градоначалници.
На изборите во 2021 година ВМРО-ДПМНЕ освои 42 градоначалнички мандати, а сега Мицкоски вели дека се надева на историски најдобар резултат.
Според нивни анализи, за СДСМ предвидувале освојувње од нула до шест градоначалнички мандати, додека за Левица кажа дека не очекува да освојат ниту еден градоначалнички мандат.
Додаде дека како Влада и коалиција, биле овде да дадат резултати, а не да апсат и судат, бидејќи тоа било работа на правосудниот систем.
Деск

