Александар, син на поранешниот градоначалник на Општина Велес, Славчо Чадиев, влегува во политика. Тој е кандидат за советник во велешкиот Совет од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Младиот Чадиев само пред неколку дена дипломираше, а неговиот татко ја објави веста дека Александар и официјално станал дипломиран економист.
Инаку, Славчо Чадиев е магистер сурдолог, неговата сопруга е доктор по патолошка анатомија, а и нивната ќерка Билјана е доктор. Александар е единствениот во фамилијата кој не го избрал белиот мантил како животен повик.
Како потсетување, Славчо Чадиев беше градоначалник на Велес од 2013 до 2017 година, а пред тоа седум години беше претседавач на Советот на општината.
В.К.
Next Article 32 жени ќе се борат за градоначалнички мандат

