Утре (среда) со почеток од 20.30 часот на градскиот плоштад во Кавадарци е најавен голем митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија. Од партијата ги повикуваат граѓаните на настанот.
Инаку, во Кавадарци има тројца кандидати за градоначалник на Локалните избори- актуелниот градоначалник Митко Јанчев од ВМРО –ДПМНЕ и коалиција Твоја Македонија, Виктор Велевски од СДСМ и Здравко Бошков од ТМРО.
Пред митингот во Кавадарци пак, утре со почеток од 18.30 часот, и во Неготино на градскиот плоштад ќе се одржи митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија.
Деск

