Одборот за доделување на државната награда ,,11 Октомври“, на својата последна седница донел одлука за доделување на државната награда,,11 Октомври“ за 2025 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија, информира Министерството за култура и туризам.
1. За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на:
– Теута Ајдини-Јегени, актерка
– проф. Летка Димовска – Полизова, хорски диригент
– Иво Јанкоски-продуцент промотор на македонската уметност
2. За животно дело во областа на науката и образованието, наградата им се доделува на:
– проф. д-р Константин Димитров, машински инженер
– акад. Глигор Јовановски, хемичар
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 11 Октомври 2025 година (сабота) во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија, соопшти Министерството за култура и туризам.
Наградата традиционално се доделува на Денот на востанието, а наградените поединци добиваат диплома, плакета и паричен износ кој изнесува 15 просечни месечни плати исплатени во последните три месеци во тековната година.
Деск
Избрани се добитниците на државната награда ,,11 Октомври”: Диплома, плакета и 15 просечни плати за наградените поединци
1 Min Read

