Претседателката Гордана Силјановска Давкова објави фотографии од приемот организиран од кралот на Данска, Фредерик Х и кралицата Мери Елизабет во Amalienborg Palace, во пресрет на седмиот состанок на Европската политичка заедница во Копенхаген. 
-Задоволство беше да бидам во друштво и да поразговарам со францускиот претседател Емануел Макрон, кралицата Мери Елизабет, бугарскиот премиер Росен Жељасков, британскиот премиер Кир Стамер, со претседателот на Литванија и со премиерите на Финска и на Малта.
Ветувачки почеток во пријателска атмосфера и плоден разговор пред утрешните дискусии на коишто ќе ги претставам македонските позиции, согласно со нашите национални интереси, соопшти Силјановска Давкова.
Деск

