Нема поголемо задоволство од тоа да се биде меѓу народот, кого не си го разочарал. А јас меѓу вас во Кавадарци одам со крената глава, затоа што, заедно со вас, ги водевме и ги водиме сите битки за подобра иднина на нашата татковина, порача премиерот Христијан Мицкоски, кој вечерва беше дел од големиот митинг кој се одржа во Кавадарци.
-И еве нè повторно пред уште еден предизвик, пред уште едни избори на кои се одлучува за правецот по кој ќе се движиме. И кога се наближува денот, човек има многу избори за кои може да се одлучи, но само еден е вистинскиот.
Овој пат тој избор е лесно препознатлив; разликата со нашите противници е очигледна, но многу е важно тој избор да биде силен и одлучен. Затоа што јасната волја нема да значи само одлука за твоето место, за твоето маало, вашиот град; за улиците по кои чекорите, за маалата и местата каде се сите ваши важни животни случки, туку и испраќате порака за тоа во каква Македонија сакате да живеете.
Сакам да се обратам и до неопределените и оние кои што се двоумат дали да излезат на гласање, сосема разбирам дека секој од нас има очекувања. Вашите можеби се поголеми од тоа што реално можевме да го исполниме овие година и пол централна власт. Но покажавме вредност, истрајност и посветеност да ги менуваме работите. Затекнавме распаднат систем, трули институции и напластени проблеми. Темелите ги градевме овие месеци, полни со ентузијазам и енергија. Надежта не ја загубивме – заедно ја одржавме.
Покажавме и резултати. Не паднавме, иако сакаа да нè видат клекнати; работевме за секој еден од вас. И затоа, сега сте ни потребни, не само нам, туку и на државата, бидејќи вие одлучувате за вашата иднина, и овој е тој момент!
Ги повикувам кавадарчани да излезат на 19-ти октомври да гласаат за Митко Јанчев кандидат за градоначалник од Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ и советничката листа, истакна Мицкоски.
Деск
Јас во Кавадарци одам со крената глава, кажа Мицкоски, и ги повика кавадарчани да гласаат за Митко Јанчев
2 Mins Read
Previous ArticleПретседателката на свечен прием кај кралот на Данска

