Завчера, во просториите на Владата, Заменик-претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, оствари средба со група претприемачи од Турција, кои изразија голем интерес за економска соработка и инвестиции во земјата, соопштија од Владата.
-Средбата, која се одвиваше во пријателска и конструктивна атмосфера, беше фокусирана на зајакнување на билатералните односи и потенцијалот за заеднички развој.
Вицепремиерот Фетаи истакна дека одличните односи меѓу Турција и Македонија, кои достигнаа ниво на стратешко партнерство, создаваат идеална основа за зголемување на економската соработка и отворање нови можности за странски инвестиции. Тој ги нагласи предностите за турските инвеститори, вклучувајќи ја поволната законска рамка, даночните олеснувања и лесниот пристап до регионалниот пазар.
На средбата присуствуваше и директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Рефик Џемаили, кој ги презентираше специфичните можности за инвестиции во приоритетни сектори како градежништвото, текстилната индустрија, агрономијата и туризмот. Бизнисмените од Турција изразија ентузијазам и се согласија за натамошни чекори за заеднички проекти.
Оваа средба се одржа во рамките на посетата на турските претприемачи на Македонија, која вклучуваше и средби со министерот за здравство и посети на регионите како Аранчиново и Липковскиот регион, покажувајќи го ангажманот на Владата за привлекување странски инвестиции и промовирање на регионалната соработка, соопштија од Владата.
Деск

