Големите јубилеи постојат за да се одбележат, а оваа година се одбележуваат 25 години од издавањето на албумот ,,Врати на имагинација” на компактен диск, соопштија од Авалон Продукција, најавувајќи концерт во Скопје на еден од најпродуктивните македонски рок бендови ,,Ареа”.
-Прво, падна идеја да го издадеме „Врати на имагинација “ на луксузен винил.
Тоа го направивме – винилите пристигнаа!
„Врати на имагинација“ е безвременски албум кој го издржа товарот на времето, албум во кој буквално сите песни се хитови и заслужува да биде овековечен на винил.
И нормално, веднаш дојдовме до идејата:
-А, зошто да не направиме и еден голем концерт, за цела Македонија – да се собереме дел од тие што беа пред 25 години на Саем, и дел од тие што не успеаја да влезат бидејќи концертот беше распродаден два дена пред одржување?
Па, затоа, задоволство ни е да ви најавиме:
Голем концерт на Ареа во СЦ Јане Сандански на 8-ми ноември по повод 25 години ,,Врати на имагинација”!
На концертот во целост ќе биде изведен целиот албум ,,Врати на имагинација”, кој ги вклучува хитовите ,,Сите мои слики”, ,,Одведи ме”, ,,Пријател”, ,,Биди мој”… а, се разбира, ќе бидат изведени и сите останати хитови од Ареа кои ја одбележаа златната ера на македонската музика и со кои пораснаа и се’ уште растат многу генерации, соопштија од продукцијата.
Влезниците се пуштени во продажба од денес (втори октомври) од 10.00 часот наутро онлајн на avalonbooking.mk и продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија по следните цени и категории: Партер – 600 денари, Фан пит – 900 денари и Трибина – 990 денари.
Деск
По 25 години од безвременскиот албум ,,Врати на имагинацијата”, ,,Ареа” со голем концерт во Скопје!
2 Mins Read
Previous ArticleФетаи се сретна со бизнисмени од Турција: Создадена е идеална основа за економска соработка
Next Article Почина Влашевски, првиот пејач на групата Молика

