Битолскиот музичар, познат како првиот вокалист на фолк групата Молика, Томе Влашевски – Куба (66), починал вчера, по тешко боледување, а неговите пријатели и колеги се простуваат со него на социјалните мрежи.

Во негова чест објавуваат видео записи од постари песни, кои ги испеал со Молика уште во деведесеттите години на минатиот век, а како една од најпознатите од неговиот репертоар е нумерата ,,Прости ми”.
Подоцна беше дел и од групата Бон Тон Битола, а потоа продолжи со самостојни настапи во битолските угостителски локали. Беше снимател во ТВ Тера, а имаше и сопствена продукција – Куба видео.
Деск

