Момче од Кавадарци заработи кривична пријава, откако насилно со употреба на алат влегло во пет викенд куќи во Струмица. Најверојатно со намера да изврши кражби, сепак на крај останало со празни раце. Во првите четири викендици очигледно не наишло на вреден плен за кражба, па само испретурило наоколу, а во петтата викендица, откако одзел предмети, забележан од синот на сопственикот, истите ги фрлил во двор.
-СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.Г.(20) од Кавадарци, со престој во Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,тешка кражба“ во обид и ,,тешка кражба’’.
На 15.08.2025 во месноста Чамлак во Струмица, пријавениот со употреба на сила и алат влегол во пет викенд куќи, при што во четири извршил претурање, а од една одзел повеќе предмети, но откако бил забележан од синот на сопственикот, предметите ги фрлил во дворот и побегнал, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Деск
Фото: Илустрација

